Гурмански ручек за половина час: Свински котлети запечени во рерна

Гурмански ручек за половина час: Свински котлети запечени во рерна

Брзо и едноставно подгответе гурмански ручек.

Состојки:

  • 6 свински котлети
  • 150 гр кашкавал
  • 1 главица кромид
  • 2 кисели краставички
  • 3 лажици мајонез
  • 1 лажичка сенф
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На котлетите направете коцки со нож. Не ги сечете до крај бидејќи месото треба да остане цело. Посолете и побиберете. Во сад измешајте мајонез и сенф. Месото ставете го во плех обложен со хартија за печење, па преку месото премачкајте смеса од мајонез и сенф.

     

  2. Краставичките и кромидот исечкајте ги на кругови, па наредете преку месото. Посипете со рендан кашкавал и печете на 180 степени околу половина час.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Гурман“:

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text