Сочен колач со јаболка – прсти да излижеш

Сочен колач со јаболка – прсти да излижеш

Вкусен, домашен, сочен колач од јаболка…

Состојки:

  • 2 јаболка
  • 50 гр суво грозје
  • кора од лимон
  • 3 јајца
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажица гриз
  • 2 лажички мед
  • 3 лажици масло
  • 3 лажици шеќер

Начин на подготовка:

  1. Јаболката излупете ги и исечкајте ги на парчиња. Тепсијата намастете ја со масло и премачкајте со мед. Парчињата наредете ги во круг во тепсија со пречник од 22 см.

     

  2. Јајцата разматете ги со шеќер, додајте брашно и гриз, суво грозје, кора од лимон и масло.

     

  3. Сѐ изедначете и ставете на јаболката и израмнете. Печете на 200 степени околу 50 минути.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text