Колач за 10 минути: Чајни чупавци

Колач за 10 минути: Чајни чупавци

Вкусни, меки и сочни, се топат во уста.

Состојки:

  • 1/2 л млеко
  • 5 лажици густин
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 150 гр путер
  • 1 пакување (1 кг) чајни колачиња
  • 200 гр кокос брашно
  • млеко за потопување
  • малку рум

Начин на подготовка:

  1. Млекото ставете го да се готви, па измешајте густин, шеќер и ванилин шеќер со малку млеко и згответе како пудинг. Кога ќе се излади додајте разматен путер.

     

  2. Колачињата потопете ги во млеко со рум, со мала лажица ставајте фил и извалкајте во кокос. Тоа правете го додека не го потрошите материјалот.

     

  3. Оставете ги да отстојат во фрижидер неколку часа, па послужете.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text