Брз оброк: Туна ќофтиња

Брз оброк: Туна ќофтиња

Брза вечер, одличен вкус!

Состојки:

  • 1 конзерва туна
  • 2 парчиња стар леб
  • малку млеко
  • магдонос
  • бибер
  • презла

Начин на подготовка:

  1. Туната исцедете ја од масло, иситнете ја со вилушка па додајте средина од стар леб претходно потопена во млеко и исцедена.
  2. Побиберете по вкус, додајте ситно сечкан магдонос, добро измешајте, соединете па правете мали ќофтиња.
  3. Извалкајте ги во презла и пржете ги на врело масло додека не поруменат од сите страни.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text