За 20 минути испечете лепињи кои можете да ги јадете со некој намаз или празни.
Состојки:
- 200 гр изрендано моцарела сирење
- 2 лажици крем сирење
- 2 јајца
- 50 гр бадемово брашно
Начин на подготовка:
- Измешајте моцарела и крем сирење. Ставете на слаб оган да се растопи, а потоа оставете да се излади. Во меѓувреме разматете јајца, додајте бадемово брашно, а потоа и растопено сирење. Добро соединете.
- Од смесата направете осум топчиња, секое притиснете го со дланка и ставете во плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени 15-17 минути.
Добар апетит!