Путер леб: Воздушест и мек како душа – останува свеж и до три дена

Путер леб: Воздушест и мек како душа – останува свеж и до три дена

Може да се прави со путер или маргарин, а вкусот ќе ве воодушеви.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 700 мл млака вода
  • 100 гр путер или маргарин + 30 гр за премачкување
  • 1 кесичка сув квасец или 30 гр свеж
  • 1 лажичка шеќер
  • 1,5 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Измешајте вода, путер, шеќер со малку брашно. Додајте уште брашно и сол. Месете со постепено додавање брашно. Прекријте го тестото и оставете еден час. Премесете, направете три мали лебови или еден поголем.

     

  2. Ставете на намастена тепсија и оставете половина час да отстои. Премачкајте со уште малку путер, направете шари со нож и печете околу 40 минути на 220 степени. Ако правите еден голем леб, печете на 200 степени околу 50 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко