Стар рецепт за колач од јаболка: Се прави без вага, од само неколку состојки

Стар рецепт за колач од јаболка: Се прави без вага, од само неколку состојки

Секој има омилена верзија од овој едноставен колач. За оваа верзија можеме да кажеме дека е едноставна, а колачот е фантастичен!

Состојки за бисквит:

  • 3 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици масло
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици брашно
  • 1/2 прашок за печиво

Состојки за фил:

  • 1 кг јаболка
  • шеќер по желба
  • додатоци по желба

Начин на подготовка:

  1. Јаболката излупете ги, изрендајте ги, посипете со шеќер по желба.

     

  2. Измешајте ги со миксер состојките за бисквит. Излејте половина од смесата во плех (20х30) и запечете.

     

  3. Во меѓувреме јаболката динстајте ги неколку минути. Додајте цимет или уште некој додаток по желба – кора и сок од лимон, чоколадо во прав, суво грозје…

     

  4. Така подготвениот фил распоредете го по бисквитот, потоа преку јаболката прелијте го остатокот од смесата за бисквит, па испечете до крај.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text