Совршен викенд ручек: Пикантно пилешко во кремаст сос запечено во рерна

Совршен викенд ручек: Пикантно пилешко во кремаст сос запечено во рерна

Послужете со ориз или со пире од компири.

Состојки:

  • 3 лажици масло
  • 3 лажички слатка црвена пиперка
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка сушен босилек
  • 700 гр пилешко филе
  • 100 гр кормид
  • 2 чешниња лук
  • 1 пиперка бабура
  • 100 гр кулен
  • 500 мл павлака за готвење
  • 1 лажичка буковец
  • 300 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Измешајте масло, слатка пипер, сол, бибер, лук и босилек. Месото извалкајте го во добиената смеса. Пропржете месо во тава. Извадете го месото и во истата тава додајте сечкан кромид и лук. Додајте бабура исечкана на ленти, како и кулен. Продинстајте, па додајте павлака за готвење. Ставете буковец, сол и измешајте. Вратете го месото во тава и малку извалкајте го во сос. Потоа преку ставете рендан кашкавал. Печете 10 минути на 200 степени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко