Мини погачи со кашкавал

Мини погачи со кашкавал

Направете вкусни погачи со кашкавал.

Состојки:

  • 450 гр. рендан кашкавал
  • 1 јајце
  • 170 гр. палента
  • 50 гр. путер
  • пола лажиче прашок за пециво

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 180 степени.
  2. Се става хартија на плех и се подмачкува.
  3. Се мати јајце, се додава палента, прашок за пециво и рендан кашкавал.
  4. Се става сол по вкус.
  5. Се топи путер и се додава.
  6. Се меша, а ако ви се чини дека смесата е многу густа, додадете 2 лажици топла вода.
  7. Се прават топчиња и се редат на плехот со растојание меѓу нив.
  8. Се печат 25 минути да поруменат.
  9. Се служи топло.

Добар апетит 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

 

singlepost_text