Куглоф со банани и кокос

Куглоф со банани и кокос

Направете вкусен банана куглоф со кокос.

Состојки:

  • 150 гр. путер
  • 150 гр. брашно
  • 130 гр. шеќер
  • 60 гр. кокос
  • 50 гр. ореви
  • 40 мл. млеко
  • 3 јајца
  • ½ прашок за пециво
  • 1 банана

Подготовка:

  1. Се мати путерот со пола шеќер, па се ставаат жолчките. Се додава и останатиот шеќер постепено со мешање.
  2. Се матат одделно белките во снег.
  3. Се меша брашно со прашок за пециво, кокос и мелени ореви.
  4. Се додаваат во смесата со путер и се меша.
  5. Се пасира бананата па се додава во смесата, па и снегот од белки.
  6. Се меша и се става во калап за куглоф и се пече на 180 степени 50 минути.

Добар апетит 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории