Крем чорба од целер: Евтина и спремна за миг

Крем чорба од целер: Евтина и спремна за миг

Рецепт за едноставна чорба од неколку состојки.

Состојки:

  • 1 целер
  • 1 компир
  • 1 лажица путер или масло
  • 1/2 л вода
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Целерот и компирот исчистете ги и исечкајте ги на ситни коцки. Коцките зеленчук кратко пропржете ги на путер во тенџере.

     

  2. Налијте вода да прекрие од прилика два прста преку зеленчукот, посолете и побиберете.

     

  3. Чорбата гответе ја на тивок оган, во поклопено тенџере, додека зеленчукот не се зготви, околу 30 минути, но зависи од големината на коцките.

     

  4. Тенџерето со зготвеената чорба тргнете го од шпорет и со миксер иситнете ги компирот и целерот.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко