Десерт од 4 едноставни состојки: За 20 минути направете неодолива чоко торта

Десерт од 4 едноставни состојки: За 20 минути направете неодолива чоко торта

Кремаста торта која не се пече.

Состојки:

  • 250 гр мелени бисквити
  • 100 гр путер
  • 400 гр еурокрем или нутела
  • 500 гр крем сирење

Начин на подготовка:

  1. Соединете путер со една лажица еурокрем и растопете на пареа. Со добиената смеса прелијте ги бисквитите и соединете. Оставете да стегне во фрижидер.

     

  2. Остатокот од еурокремот измешајте го со сирење и разматете. Филот оставете го да се излади во фрижидер.

     

  3. Извадете ја смесата од бисквити, ставете во калап и израмнете. Преку ставете фил и убаво распоредете.

     

  4. Ставете ја тортата во фрижидер убаво да се соедини филот и кората.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко