Мелено пилешко со зеленчук – брз и здрав оброк

Мелено пилешко со зеленчук – брз и здрав оброк

Брз и здрав оброк.

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажичка сечкан ѓумбир
  • 200 гр мелено пилешко
  • 1/2 шолја грашок
  • 1/2 шолја свежи зрна пченка
  • 1/2 главица помала свежа зелка, исечкана
  • 1 луто пиперче
  • 2 лажици хоисин сос

Начин на подготовка:

  1. Во голема тава загрејте масло и пржете го ѓумбирот додека не замириса, триесетина секунди.
  2. Додајте го пилешкото и пржете околу 3 минути. Потоа ставете млад грашок, зелка и луто пиперче.
  3. Продолжете со пржење додека пилешкото не добие боја, а зеленчукот не омекне. Хоисин сосот разматете го со две лажички вода, измешајте во јадењето и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text