Брзи и вкусни колачиња без шеќер…
Состојки:
- 4 зрели банани (изгмечени со вилушка)
- 170 мл грчки јогурт
- малку екстракт од ванила
- 125 гр брашно
- 120 гр брашно од цело зрно пченица
- 1 јајце + 1 белка
- 4 лажици испасирано суво грозје
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/4 лажичка сол
- малку цимет
- оревче
- 50 гр сечкани ореви
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Измешајте ги влажните состојки (банани, јајца, екстракт од ванила, грчки јогурт, суво грозје), а потоа посебно и сите суви состојки (брашно, сода бикарбона, сол, цимет, оревче, ореви).
- Спојте ги сувите и влажните состојки и добро измешајте. Смесата ставете ја во мали калапи и печете околу 25 минути на 180 степени.
Послужете и уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега