Меки квадрати полни сирење – Пита на поинаков начин

Меки квадрати полни сирење – Пита на поинаков начин

Вкусно, примамливо и меко, тесто со супер фил за појадок, ручек или вечера.

Состојки:

  • 700 гр. брашно
  • 2 јајца
  • 2 кеси квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 100 мл. млака вода
  • 200 мл. јогурт
  • 50 мл. масло
  • 1 лажиче сол
  • 250 гр. сирење
  • 1 јајце

Подготовка:

  1. Се мешаат водата со шеќер и квасец и е остава да се активира.
  2. Се матат рачно 2 јајца со сол и јогурт, масло и квасецот, па брашно кое се става постепено.
  3. Се меси тесто кое е малку лепливо,се остава да нарасне 30 минути.
  4. Се развлекува потоа, се сече на квадрати и се полни со фил од сирење мешано со едно јајце.
  5. Се оставаат да нараснат 30 минути, па се премачкуваат со белка и малку масло и се печат на плех со хартија на 190 степени 30 минути.

Добар апетит 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории