Направете брза грчка пита со сирење, за појадок или вечера.
Може да си ја понесете и на работа, а ќе ја направи и почетник.
Состојки:
- 5 јајца
- 200 гр. брашно
- 400 гр. фета
- 200 гр. кашкавал
- 1 чаша кисела павлака
- 100 мл. масло
- 1 прашок за пециво
Подготовка:
- Се матат јајца во сад.
- Се става ронето фета сирење.
- Се додава рендан кашкавал во смесата и се меша.
- Се ставаат павлака и масло, па соединетите брашно и прашок за пециво.
- Се меша се убаво и се става во намастен плех, се пече на загрена рерна на 180 степени, околу 45 минути.
Добар апетит 🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:
Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот
Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна