Кај овие кифлички сѐ се прави одеднаш, не морате да ги оставате ни тестото ни квасецот да нараснат. Кифличките можете да ги правите слатки или солени – можете да ги полнете со џем, кремови, сирење и шунка…
Состојки:
- 500 гр брашно
- 20 гр квасец
- 250 мл топла вода
- 50 мл масло
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- сусам
- посен мајонез
Начин на подготовка:
- Во чинија издробете квасец, додајте шеќер, 1 лажичка брашно, вода, масло и измешајте. Постепено додајте го остатокот од брашното и сол. Сите состојки соединете ги и замесете глатко тесто. Од тестото развлечрте круг со дебелина од 2-3 мм и исечкајте на 16 делови. Триаголниците свиткајте ги во кифлички.
- Солените кифлички премачкајте ги со посен мајонез или растопетн маргарин и посипете со сусам. Печете на 190 степени додека не поруменат, околу 20 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“:
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот
Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате