Лесна и брза, погача за Бадниковата вечер и трпеза, во која се става паричка која носи здравје, бериќет и среќа на оној кој ќе ја добие.
Состојки:
- 40 гр. квасец
- 400 мл. топла вода
- 1 лажица шеќер
- 3 лажички сол
- 700 гр. брашно
- 50 мл. масло(+ 2 лажички)
Подготовка:
- Се става квасец и шеќер во топла вода.
- Се додава половина од брашното и масло и сол, па се меша.
- Се додава и остатокот од брашното во садот со брашно и надојден квасец, па се меша да биде тестото меко.
- Се премесува убаво со 2 лажици масло кои се додаваат во смесата.
- Се остава да стои 30 минути покриено со крпа, да нарасне.
- Се прави потоа форма на погача од тестото, се става паричка во фолија, се става во плех со хартија и се боцка со вилушка.
- Се премачкува со четка со масло и се остава 20 минути.
- Се пече 25 минути додека порумени.
🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:
Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот
Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како
Како да ослабете според хороскопскиот знак?