Направете вкусни мекици со кисела павлака и јогурт во смесата, меки, воздушести и лесни за правење.
Состојки:
- 1 јајце
- 200 мл. јогурт
- 2 лажици кисела павлака
- 1 кесе прашок за пециво
- 1 прстофат сол
- 450 гр. брашно
- масло за пржење
Подготовка:
- Се мати јајце, се става кисела павлака и јогурт.
- Се мешаат три лажици брашно во оваа смеса, прашок за пециво и сол, па додека се меша, се додава цело брашно постепено да се замеси тесто.
- Се развлекува на работна маса и се сечат мали правоаголници, или пак кругови кои се вадат со чаши.
- Се пржат на загреана масло да поруменат, во длабока тава.
- Се цедат на салфети да ја впијат маснотијата и се служат по избор со сирење, јогурт, павлака или пак нешто сувомеснато, или ајвар.
- Ако ги послужите со крем или џем, ќе бидат благи и вкусни.
Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:
Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот
Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како