Пржени вреќички со сирење

Пржени вреќички со сирење

Направете вреќички со сирење кои се пржат и многу се вкусни.

Состојки:

  • ½ кг. брашно
  • 3 јајца
  • ½ кг. сирење
  • 2 белки и малку сол

Подготовка:

  1. Се става брашно во сад со три јајца, сол и вода колку да се замеси тесто.
  2. Се вадат два дела од тестото и се развлекуваат.
  3. Се пасира сирењето со снег од две белки и сол.
  4. Се сече тестото на квадрати на кои се става од филот и се составува тестото, се лепи како вреќичка.
  5. Се пржат на врело масло и се сервираат.

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

 

singlepost_text