Мафини со фил од сирење

Мафини со фил од сирење

Вкусни мафини со богат фил од сирење.

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 3 јајца
  • 1 чаша кисела павлака Пекабела
  • 300 гр сирење
  • 1 дл масло
  • 1 дл млеко
  • 1 прашок за печиво
  • сол
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Корите за пита свиткајте ги во ролна и исечете на парчиња со ширина од два сантиметри. Со раце растресете за да не се залепат.

     

  2. Направете фил од јајца, кисела павлака, сирење, млеко, масло, сол и прашок за печиво.

     

  3. Во филот додајте исечкани резанки од кори за пита и измешајте.

     

  4. Намастете плех за мафини со маргарин, ставете од смесата, посипете со сусам и печете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text