Сендвич со банана и кикирики: Доручек за 5 минути

Сендвич со банана и кикирики: Доручек за 5 минути

Ви донесуваме рецепт за брз сендвич кој одлично оди со утринско кафе.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици путер од кикирики
  • 2 парчиња леб
  • 1 мала банана
  • 2 лажици путер

Начин на подготовка:

  1. Премачкајте го секое парче леб со лажица путер од кикирики.

     

  2. Исечкајте банана на кругови и наредете на едно парче и прекријте со друго.

     

  3. Разматете јајца со ванила и потопете го сендвичот од двете страни во оваа смеса.

     

  4. Растопете путер во тава и ставете ги парчињата преку. Печете од двете страни додека не попримат кафеава боја.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text