Вкусен ручек за 15 минути: Тестенини со сирење

Вкусен ручек за 15 минути: Тестенини со сирење

Брз и вкусен ручек.

Состојки:

  • 400 гр тестенини
  • 3 чешниња лук
  • 1 домат
  • 5 сушени домати во масло
  • тврдо сирење (пармезан или козјо сирење)
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во тава загрејте маслиново масло. Во поголемо тенџере загрејте вода до вриење. Не посолувајте веднаш, бидејќи ќе треба повеќе време да зоврие. Ставете тестенини и тогаш посолете ја водата.

     

  2. На маслинво масло пропржете сечкан лук, домат сечкан на коцки и ситно сечкан сушен домат. Посолете и побиберете по вкус и додајте малку вода за фино да крчка додека тестенините не бидат готови.

     

  3. Исцедете ги тестенините и измешајте со сос. Сервирајте посипено со рендано тврдо сирење и по желба украсете со рукола.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text