Направете деликатесна посна сарма.
Состојки:
- листови кисела зелка
- 100 гр. ориз
- 1 целер
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 2 лажици ајвар
- 150 гр. хељда
- маслинов масло, ловор, сол и бибер, црвен пипер
Подготовка:
- Се пржи на масло ситно сечен кромид, лупен и рендан морков,сечен корен и ситнет лук.
- Се динста се заедно, се става црвен пипер и лут црвен пипер по желба.
- Се става миен и цеден ориз и хељда, ајвар, малку магдонос по желба и сол и бибер.
- Се мијат листовите зелка и се става лажица од смесата, се мота сарма.
- Се редат во шерпа во круг и се ставаат на средина и на дното листови зелка.
- Се става од горе малку црвен пиепр и 50 мл. маслиново масло, ловоров лист и се крќка на оган два часа.
Добар апетит!