Доматите на ова вкусно предјадење му даваат посебна свежина…
Состојки:
- 500 гр помали компири
- сол
- 40 гр печени солени бадеми
- 4 домати
- 1 чешне лук
- 1 веза магдонос
- 100 гр пармезан
- 70 мл маслиново масло
- бибер
- 50 мл супа коцка
Начин на подготовка:
- Измијте ги компирите и згответе ги во посолена вода околу 20 минути. Измијте ги доматите и исечете ги на парчиња. Излупете лук. Измијте го и исушете го магдоносот.
- Измешајте магдонос, маслиново масло, бадеми, лук и пармезан, па сè заедно испасирајте во блендер. Побиберете го добиениот песто сос.
- Процедете ги компирите и излупете ги кога ќе се изладат. Згответе супа и ставете ја во поголема чинија. Во супата ставете ги компирите и доматите и измешајте. Посолете и побиберете, па измешајте го и подготвениот песто сос. Послужете топло.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи