Брз десерт готов за 15 минути: Кремаста торта

Брз десерт готов за 15 минути: Кремаста торта

Брз и неодолив десерт…

Состојки:

  • 6-7 парчиња наполитанки
  • 700 мл свежо млеко
  • 100 гр млечно чоколадо
  • 60 гр пченкарен скроб
  • 20 гр путер
  • 100 гр чоколадо за глазура

Начин на подготовка:

  1. Долг калап за леб прекријте со проѕирна фолија и ставете еден ред наполитанки.

     

  2. Подгответе крем. Млекото и чоколадото ставете ги во тенџере и на слаб оган мешајте додека чоколадото целосно не се растопи.

     

  3. Претходно растворете пченкарен скроб во малку млеко или вода и кога чоколадото ќе се растопи и смесата ќе биде добро загреана додајте го скробот во тенок млаз. Мешајте додека не згусне и на крај додајте путер.

     

  4. Прелијте го првиот слој наполитанки со крем, ставете втор слој, па прелијте го и него.

     

  5. Замотајте со фолија од горе и оставете неколку часа во фрижидер. Кога ќе се излади прелијте со глазура од чоколадо.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта