Збогатете ја празничната трпеза со вкусна пита во обилк на новогодишна елка.
Состојки:
- 200 гр ситно сирење
- 1 рамна лажица мешани суви зачини
- 1/2 лажица оригано
- малку маслинки, исечкани
- 100 гр сечкана шунка
- малку рендан кашкавал
- малку свежа рукола
- лиснато тесто
Начин на подготовка:
- Сирењето, шунката и зачините соединете ги. Потоа по лиснатото тесто направете облик на триаголник од фил, додајте рукола и кашкавал. Краевите од тестото сечете ги во ленти и затворајте како што е прикажано во видеото.
- Премачкајте со жолчка и печете на 180 степени 20-30 минути. По желба украсете.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот