Ако немате многу време за подготовка на ручек, направете пилешко Маренго.
Состојки:
- 800 гр пилешки братаци
- 1 главица кромид
- 300 гр печурки
- 100 мл бело вино
- маст
- сол
- бибер
- 2 чешниња лук
- 100 мл пилешка супа
- 400 гр пелат домати
Начин на подготовка:
- Испржете го месото, посолете го, кога ќе биде готово, оставете го на страна. Пропржете кромид, печурки, посолете, побиберете, додајте бело вино, па додајте бујон, лук и на крај пелат домати. Крчкајте 10 минути и потоа вратете го месото и прелијте.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот