Кокос бајадера за 30 минути – Ќе извалкате само 1 тенџере

Кокос бајадера за 30 минути – Ќе извалкате само 1 тенџере

Ако сте љубител на десерти со кокос, бајадера со кокос ќе биде кралица на вашата трпеза.

Состојки:

  • 150 мл. кокосово млеко(или обично)
  • 150 гр. шеќер
  • 250 гр. маргарин
  • 200 гр. кокос
  • 400 гр. млеко во прав
  • 250 гр. желе(или количина по желба)
  • 2 листа обланда

Подготовка:

  1. Се варат млекото со маргарин и шеќер, па во топлата смеса се мешаат и млекото во прав со кокос.
  2. Се сечат желе бонбони, околу 200 грама, но може да ставите помалку или повеќе по избор, тоа нема да го уништи рецептот. По желба може да си додадете и чоколадно ситни бонбони или пак шарени бонбони.
  3. Се мешаат во смесата и се распоредува филот на лист обланда, па се поклопува со друг лист обланда.
  4. Се лади, па се сече на коцки.
  5. Овој десерт е готов за половина час, нема со него многу мака и ќе извалкате само едно тенџере.
  6. Може по желба горе да го декорирате со бело чоколадо.

 

Добар апетит 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

singlepost_text