Ароматични колачиња за Божиќ: Полни ванила, цимет и портокал

Ароматични колачиња за Божиќ: Полни ванила, цимет и портокал

Вкусни, меки и ароматични кекс колачиња.

Состојки:

  • 100 гр. кафеав шеќер
  • 170 гр. маргарин
  • 1 јајце
  • 1 лажиче арома ванила
  • 260 гр. брашно
  • 1 прстофат сол
  • ½ лажички цимет
  • 1 портокал(рендана кора)
  • 60 гр. мелени ореви
  • 50 гр. чоколадо за готвење и сечени ореви

Подготовка:

  1. Се матат пенасто маргаринот кој треба да е на собна температура, со шеќеррот.
  2. Се додава ванила и се мати уште кратко смесата.
  3. Се додаваат јајце, брашно и сол, ванила арома, цимер, рендана кора од портокал и мелени ореви, па матете со спиралните стапчиња на миксерот.
  4. Се замесува на крај тестото и со рака и се остава со фолија горе во ладилник, околу два часа.
  5. Се расукува потоа тестото и се вадат облици по желба со калапи.
  6. Се ставаат на голем плех за печење со хартија за печење, со малку маргарин на неа.
  7. Се печат околу 7-10 минути на 170 степени.
  8. На допир ќе се меки кога ќе ги извадите, но со ладење ќе се стврднат.
  9. Се шараат горе со топено чоколадо и сечени ореви.

 

Добар апетит 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

 

singlepost_text