Здрава туршија: Лук во јаболков оцет

Здрава туршија: Лук во јаболков оцет

Едноставно и брзо направете здрава туршија од лук.

Состојки:

  • 4 главици лук
  • 1/2 л вода
  • 100 мл јаболков оцет
  • 1 лажичка шеќер и сол
  • неколку зрна бибер
  • малку листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. Лукот исчистете го. Во чинија ставете вода, додајте оцет, сол и шеќер и убаво измешајте да се растопи. Во измиена тегла ставете лук, бибер, магдонос…

     

  2. Налијте со подготвениот раствор. По можност притиснете и добро затворете со метално капаче.

     

  3. Ставете во ладна рерна, вклучете тајмер на 90 минути и температура на 90 степени. Кога ќе се исклучи оставете до наредниот ден да се излади. Ставете во шпајз или во фрижидер до употреба.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта