Рижото со шафран, смрека и лимон со крема од изгорен кромид

Рижото со шафран, смрека и лимон со крема од изгорен кромид

Во рамки на 5. Недела на италијанската кујна на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи“, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна.

Неделата на италијанската кујна е организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција.

Погледнете како да го подготвите овој специјалитет и уживајте во прекрасниот вкус 🙂

Состојки за 4 лица:

  • 200 гр кромид
  • 200 гр путер
  • 2 лимони
  • 360 гр ориз
  • 100 гр Грана Падано
  • бобинки од смрека
  • вода

Начин на подготовка:

  1. Кромидот се сече на кришки без да се лупи, кришките се редат во тава и се печат на тивок оган. Кога делот што ја допира тавата ќе изгори, кришките се вртат и се оставаат да изгорат и од другата страна. Потоа се додава вода и се остава кромидот сосема да се свари. Потоа кромидот се лупи и се мати во блендер додека не се добие пире, а потоа добиеното пире се поминува низ цедалка.
  2. Путерот се сече на коцки, кората од од еден лимон се ренда. Лимоните се цедат и сокот, заедно со изренданата кора се загрева во лонче, а потоа постепено се додава путерот и убаво се меша додека се добие изедначена емулзија. Добиената смеса се остава во фрижидер да се излади и стврдне.
  3. Се подготвува вода ароматизирана со бобинките смрека и се загрева.
  4. Оризот се застаклува во тава без масло и се вари околу 18 минути со постепено додавање на ароматизираната вода.
  5. Се завршува надвор од оган со ренданиот „Грана Падано“ и путерот со лимон и се меша.

На здравје!