Привидна едноставност – Вкусен италијански рецепт со необично име

Привидна едноставност – Вкусен италијански рецепт со необично име

Во рамки на 5. Недела на италијанската кујна на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи“, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна.

Неделата на италијанската кујна е организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција.

Погледнете како да го подготвите овој специјалитет и уживајте во прекрасниот вкус 🙂

Состојки:

  • 80 гр брашно од хељда
  • 80 гр пченкарно брашно
  • неколку лешници
  • 90 гр грашок
  • 190 гр морков
  • 200 гр артичоки
  • 90 гр круши
  • 90 гр ротквица
  • 160 гр сирење robiola
  • 100 гр млеко
  • ладно цедено маслиново масло
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Во едно тенџере се запечуваат на суво двете брашна, потоа се трга од оган и се додава масло и вода за да се навлажни смесата, се додаваат прехранбени бои за да се добие ефект на земја. Се додава сол и бибер по желба.
  2. Ситно се сечкаат лешниците и се потпечуваат во рерна, па им се додаваат на останатите состојки и сето тоа добро се меша.
  3. Зеленчукот се мие и чисти, артичоките се оставаат во вода со лимон. Сите зеленчуци се бланшираат, освен ротквицата и артичоката, и брзо се изладуваат повторно.
  4. Морковите се зачинуваат со сол и бибер и се миксаат со рачен блендер за да се добие крема, која не треба да биде течна.
  5. Ротквиците се сечат на многу тенки резанки и се ставват во ладна вода за да не поцрнат.
  6. Крушите се сечат на половина и потоа на кришки, па на стапчиња.
  7. Од сирењето робиола се прави крем така што се сечка на мали парчиња и се емулзионира со млеко. Потоа се зачинува со сол и бибер.
  8. Грашокот и артичоките се пропржуваат на тава со путерот.

Предлог за декорирање и послување: На рамна чинија се црта едно патче со „земјата“ од брашно. Се додаваат делчиња крем од морков и се редат наизменично сите зеленчуци и крушите. Во едно лонче се става стопеното сирење, кое се полева врз зеленчукот пред сервирањето.

На здравје!