Посни колачиња со џем – евтини и брзи

Посни колачиња со џем – евтини и брзи

Без млеко, без јајца…

Состојки:

  • 200 мл млака вода
  • 150 мл масло
  • 10 гр ванилин шеќер, може и арома ванила
  • 10 гр прашок за печиво
  • 1 лажичка оцет
  • 500-550 гр брашно
  • 100 гр џем
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Измешајте вода, ванилин шеќер, прашок за печиво, масло, оцет. Додајте брашно и замесете меко тесто. Оставете да отстои 10 минути, па премесете. Со чаша со пречник од 6 или 8 см вадете кругови, на секој ставете малку џем, преклопете и со вилушка притиснете ги краевите. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути. Треба благо да поруменат од сите страни. Врели извалкајте ги во шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text