Рижото со тартуф и печурки

Рижото со тартуф и печурки

Во рамки на 5. Недела на италијанската кујна на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи“, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна.

Неделата на италијанската кујна е организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција.

Погледнете како да го подготвите овој специјалитет и уживајте во прекрасниот вкус 🙂

Состојки:

  • 320 гр ориз сорта Vialone nano
  • 600/700 мл бистра супа од тартуф
  • 40 гр планински путер
  • 50 гр печурки
  • 40 гр Пармиџано Реџано – рендан
  • ладно цедено маслиново масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Бистрата супа од тартуф се подготвува така што во бујон од целер, морков и кромид, при крајот се додаваат парчињата тартуф, а потоа сето се цеди и дополнително се редуцира.
  2. Печурките се сечат на средно големи парчиња, за да останат месести и по готвењето. Неколку поголеми печурки се сечкаат на мали коцкички и се чуваат за подоцна.
  3. Оризот се пропржува на кратко со малку масло, а потоа се вари со постепено додавање на бистрата супа и малку сол, околу 9/10 минути.
  4. Кога е готово се додаваат ситните коцкички печурки, путер и пармезан и се меша. Се додава сол по потреба и се остава неколку минути да отстои.
  5. Во висока тава се загрева малку масло со сол и на него кратко се пропржуваат крупно сечканите печурки. По потреба се додава сол.

Оризот се послужува на чинија и се гарнира со печурките.

На здравје!