Направете вкусна плазма торта.
Состојки:
- 600 гр. мелена плазма
- 200 гр. шеќер
- 4 јајца
- 1 маргарин
- 100 гр. сечени ореви
- 100 гр. сечени желе бонбони
- 100 гр. сечено суво грозје
- сок од портокал(околу 2 л.)
Подготовка:
- Се ставаат сите состојки во сад, освен сокот.
- Се се мешаат убаво и на крај се става пола од сокот.
- Се меси да се соедини смесата, па се додава уште сок ако мислите дека е потребно.
- Се става смесата на тацна за торта.
- Декорирајте со шлаг или чоколадо.
Уживајте!