Памук полжавчиња – Цел плех од малку брашно, меки како душа

Памук полжавчиња – Цел плех од малку брашно, меки како душа

Направете солени памук полжави.

Состојки:

  • 400 гр. брашно
  • 1 дл. млеко
  • 1 дл. јогурт
  • ½ дл. масло
  • 1 јајце
  • 10 гр. квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 жолчка за горе, 1 лажица масло и сусам

Подготовка:

  1. Се меша квасецот со шеќер и млако млеко, па се остава да се активира.
  2. Се мати јајце со сол и масло, млак јогурт, квасецот и постепено брашното.
  3. Се меси тесто од состојките.
  4. Се остава на топло да нарасне двојно тестото.
  5. Се премесува и се сечат траки широки до 1,5 сантиметри.
  6. Се витка полжавче од секоја трака.
  7. Се ставаат во плех со хартија, со растојание, се премачкуваат со жолчка со масло и се става сусам.
  8. Се оставаат да нараснуваат додека се загрева рерната на 200 степени, па се печат 25 минути.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text