Палачинки со мајонез: Меки, а вкусни дури и наредниот ден

Палачинки со мајонез: Меки, а вкусни дури и наредниот ден

Пробајте палачинки на поинаков начин.

Состојки:

  • 1/2 л топла вода
  • 9 лажици брашно
  • 2 лажици мајонез
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 15 гр ванилин шеќер
  • 2 лажици масло
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Разматете мајонез, јајца, шеќер, сол и ванилин шеќер со миксер или лажица. Додајте топла вода и просеано брашно. Добро измешајте да не останат грутки и додајте масло. Нека тестото одмара 20 минути.

     

  2. Намастете тава со масло, но само еднаш – на почеток на печењето и ставете ја на средно силен оган. По тавата размномерно разлејте помала количина тесто. На врела тава печете ги палачинките 1-2 минути од секоја страна. Внимавајте да не загорат. Топлите палачинки послужете ги со џем, мед, ореви или крем.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text