Во рамки на 5. Недела на италијанската кујна на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи“, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна.
Неделата на италијанската кујна е организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција.
Погледнете како да го подготвите овој специјалитет и уживајте во прекрасниот вкус 🙂
Состојки за 4 лица:
- 160 гр ориз
Состојки за бујонот:
- 1 литар вода
- 500 гр телешко месо (мускул)
- 5 гр кафе во зрно
- 1 гр црн анис
- 1 гр сол
Состојки пред сервирање:
- 50 гр путер
50 гр пармиџано реџано зреен 36 месеци
Состојки за сервирање:
- 0,5 гр сол со арома на сладунец
- 25 гр прав од кафе
Начин на подготовка:
- За бујонот месото се вари во експрес лонец заедно со водата и зрната кафе, а штом лонецот ќе засвири се остава уште 45 минути на тивок оган.
- Потоа бујонот се филтрира и му се додава црниот анис 30 минути за да добие арома. Анисот се вади и бујонот повторно се загрева.
- Во тава се пропржува оризот на малку стопен путер, потоа се залева со малку бело вино и се остава да испари алкохолот. Се посолува. Се готви со постепено додавање на бујонот, околу 17 минути.
- Надвор од оган се додаваат путерот и пармезанот и се меша.
- Се послужува поросено со ароматична сол и со кафе во прав.
На здравје!