info@fotocarra.it - phone: + 39 3297476074

Ориз на италијански начин

Во рамки на 5. Недела на италијанската кујна на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи“, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна.

Неделата на италијанската кујна е организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција.

Погледнете како да го подготвите овој специјалитет и уживајте во прекрасниот вкус 🙂

Состојки за 4 лица:

  • 240 гр ориз
  • 2 л вода
  • 60 гр сушени капери во прав
  • 35 гр цедрат (цитрон)
  • 160 гр планински путер
  • 160 гр Пармиџано Реџано
  • 30 гр шеќер
  • 15 гр гел од лимон
  • 3 гр никулци од сончоглед

Начин на подготовка:

  1. Цедратот се кандира така што се сече на мали коцки и се става под вакуум со вода и шеќер.
  2. За гелот од лимон: лушпите од лимон се бланшираат 6 пати (секојпат се започнува со ладна вода), а потоа се блендираат заедно со сок од еден лимон.
  3. Каперите се сушат така што се ставаат во плех и се печат во рерна на 180 степени час и половина, притоа отварајќи ја повремено рерната за да излезе влажноста. Штом ќе се исушат се мелат за да станат прав.
  4. Во тава се пропржува оризот и потоа постепено се залева со зовриената вода додека се вари 11 минути. Штом е готов надвор од оган се завршува готвењето со додавање на путерот и пармезанот.
  5. Се остава неколку минути да стои, покриен со крпа.

Послужување: Оризот се сервира во чинијата со помош на тркалезен калап, се поросува одозгора со капери во прав, се додаваат коцкичките кандиран цедрат и неколку капки гел од лимон и се декорира со никулци од сончоглед.

На здравје!