Веге ќофтиња

Веге ќофтиња

Одлична замена за ќофтиња од месо.

Состојки:

  • 150 гр соја во зрно
  • 60 гр ориз
  • 60 гр брашно
  • 1/2 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 јајце
  • 3 лажици масло
  • малку лута пипер во прав
  • 1/2 веза магдонос
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Зрната соја држете ги неколку часа потопени во вода, исцедете ги и преку ноќ оставете ги во замрзнувач.

     

  2. Наутро замрзнатата соја ставете ја во зовриена вода и гответе еден час на умерена температура зрната сосема да омекнат. Лушпите кои во текот на готвењето ќе испливаат на површина, отстранете ги со лажица. Исцедете ја сојата и сомелете во машина за месо.

     

  3. Оризот згответе го во солена вода, исцедете и измешајте го со соја. Додајте кромид и лук, јајце, брашно, сол и бибер, па сè заедно добро замесете.

     

  4. Од добиената смеса формирајте ќофтиња и пржете ги во загреано масло да поруменат, па послужете ги со доматен сос.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text