Во рамки на 5. Недела на италијанската кујна на тема: „Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи“, Gotvi.mk се приклучува преку објава на вкусни рецепти и специјалитети од неодоливата италијанска кујна.
Неделата на италијанската кујна е организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна и гастрономска традиција.
Погледнете како да го подготвите овој специјалитет и уживајте во прекрасниот вкус 🙂
Состојките се дадени за подготовка на јадење за 4 лица.
Состојки за тестото:
- 200 гр брашно тип 400
- 40 гр брашно од дурум пченица
- 176 гр жолчки од јајце
Состојки за филот од тиква:
- 600 гр тиква
- 200 гр рендан патрмезан (parmigiano reggiano)
- 80 гр течна павлака
- 15 гр путер
- 15гр mostarda (слатко со сенф)
- сол
- бибер
Состојки за рагу од печурки:
- 160 гр шампињони
- 10 гр путер
- 10 гр праз
- 2g di тамари (јапонски соја сос)
Состојки за путер од лешник со зачини:
- 80 гр путер
- жалфија
- мајчина душица
Состојки за пржените печурки:
- 40 гр шампињони
- масло за пржење
Други состојки:
- 80 гр печурки во прав
- 40 гр семки од тиква
- 10 мл umeboshi (јапонски сос)
Начин на подготовка:
- Се замесуваат двата вида брашно и жолчките сѐ додека не се добие цврсто и мазно тесто, од него се прави топка и се остава да отстои 15 минути завиткано во проѕирна фолија.
- Потоа се зема една четвртина од тестото, се сплескува со раце и се поминува низ машина за влечење кори, постепено истенчувајќи ја кората до дебелина 2мм. Од така извлечената кора се добиваат 8 квадратни парчиња со димензија 10 х 10 цм. Пред послужување се варат кратко во солена вода.
- Тиквата се мие и се сече на парчиња, се пече во рерна на 180° околу 30 минути, а потоа се лупи.
- Во блендер се прави смеса од тиква, мостарда, путер, пармезан и павлака и се готви на 60° околу 5 минути, додека не добие мазна и кремаста структура. На крајот се додава сол, бибер и кора од лимон по желба.
- Во тенџере се запечуваат семките од тиква, им се додава умебоши сосот и се остава да испари. Семките се оставаат да се изладат.
- Печурките се сечат на тенки резанки и се пржат во масло на 140°.
- Во еден сад се загрева путерот до 120°, потоа се трга од оган и му се додаваат тревките.
- Печурките за рагу се сечкаат на ситни парчиња и се пропржуваат во тава со путер и праз, а на крајот им се додава тамари сосот и се остава да испари на оган.
Послужување: Се формира отворена равиола составена од две кори, измеѓу кои се става филот од тиква, сето се гарнира со рагу од печурки, чипс од печурки, путерот од лешник, семките од тиква и печурките во прав.
На здравје!