Ароматичен колач со јаболки и мускатно оревче

Ароматичен колач со јаболки и мускатно оревче

Направете мирисен и ароматичен колач со јаболки и мускатно оревче.

Состојки:

  • 225 гр. брашно
  • 1 кесе прашок за пециво
  • 1 прстофат сол
  • 100 гр. истопен маргарин
  • 225 гр. лупени и чистени јаболки
  • 2 јајца
  • мускатно оревче во прав
  • 4 лажици лимонов сок
  • 2 лажици шеќер

Подготовка:

  1. Се става брашно во сад со прашок за пециво и сол.
  2. Се мати маргарин со јајца, па се додава и се мешаат смесите.
  3. Се ставаат чистени, лупени и ситно сечени јаболки, лажица лимонов сок, 1 лажица шеќер и мускатно оревче.
  4. Се става во плех со маргарин и брашно и се пече на загреана рерна на 180 степени.
  5. Се мешаат 3 лажици лимонов сок и лажица шеќер и се прелива колачот откако сирупот ќе се свари.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text