Чоколадна торта од само 3 состојки!
Состојки:
- 375 мл кокосово млеко
- 220 гр овесни снегулки
- 170 гр темно чоколадо
Начин на подогтовка:
- Исечкајте го чоколадото на ситни парчиња. Загрејте кокосово млеко на шпорет.
- Прелијте кокосово млеко преку исечканото чоколадо и оставете да се растопи околу две минути. Мешајте додека чоколадото не се растопи и смесата не се изедначи.
- Ставете овесни снегулки во чоколадната смеса и убаво измешајте.
- Префрлете ја смесата во калап за торти. Оставете да се излади на собна температура, а потоа изладете во фрижидер 3-4 часа, да стегне.
- Исечкајте на парчиња и послужете.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути