Пита гужвара со сирење: Сочна од внатре, крцкава од надвор

Пита гужвара со сирење: Сочна од внатре, крцкава од надвор

Сочна пита со крцкава кора – одличен избор за доручек или вечера.

Состојки:

  • 300-350 гр готови кори
  • 400 гр сирење
  • 80 мл масло

Состојки за прелив:

  • 1 мала павлака
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер
  • 250 мл млеко
  • сусам за посипување

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте јајца и павлака, па соединете. Посолете и побиберете, па додајте млеко и потоа измешајте.

     

  2. Намастете кора, па наредете сирење. Свиткајте како хармоника и редете во намастен плех. Така правете додека не го потрошите материјалот.

     

  3. Ставете прелив преку и посипете со сусам. Печете на 200 степени околу половина час.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text