Вкусен зимски сос од дуњи

Вкусен зимски сос од дуњи

Направете вкусен зимски сос од дуњи.

Состојки:

  • 300 гр исчистени дуњи, исечкани на коцки
  • 300 мл вода
  • 200 мл павлака за готвење
  • мускатно оревче
  • бел бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Исчистените дуњи, исечкани на коцки гответе ги во врела вода десетина минути. Исцедете ги и пропасирајте ги, па додајте павлака, сол, бибер и мускатно оревче, па загрејте, да зоврие уште еднаш.

     

  2. За побогат вкус, додадете две лажички рендан пармезан.

     

  3. Овој сос е совршен зимски додаток за телешко или јунешко месо.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text