Торта со бисквити и кафе

Торта со бисквити и кафе

Едноставна торта, фантастичен вкус!

Состојки:

  • 250 гр маргарин
  • 6 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 200 гр црно чоколадо за готвење
  • големо пакување бисквити – 500 гр
  • 250 гр шеќер во прав
  • 1/2 л јако црно кафе

Начин на подготовка:

  1. Белките одвојте ги од жолчките. Жолчките разматете ги заедно со половина од количината шеќер, да бидат пенасти, и гответе ги на пареа, додека не згуснат. Кога тоа ќе се излади, додајте разматен маргарин заедно со останатата половина шеќер. Соединете ги маргаринот и жолчките и во таа смеса додајте растопено чоколадо.
  2. Белките разматете ги во снег и постепено додавајте ги во кремот со жолчки, мешајќи со дрвена лажица.
  3. Згответе црно или филтер кафе, околу половина литар, и во него натопете го кексот. Редете еден ред кекс, еден ред фил. Тортата потоа декорирајте ја по желба.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text