Паприкаш по стар рецепт – со пилешко месо

Паприкаш по стар рецепт – со пилешко месо

Вкусно јадење за целото семејство…

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 3-4 меснати пиперки бабури
  • 2 големи домати
  • 1 лажица маст
  • 600-700 гр пилешко месо
  • 300 гр варен компир
  • мелен бибер
  • масло
  • листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. На маст пропржете ситно сечкан кромид, па кога малку ќе се пропржи додајте исечкано пилешко месо. Додајте малку вода, динстајте, па кога месото ќе омекне додајте исечкана пиперка. Кога и таа ќе омекне, додајте излупен и исечкан домат.

     

  2. Кога течноста ќе испари посолете по желба и додајте магдонос. Компирите згответе ги во лушпа, излупете ги па исечкајте ги на коцки, додајте масло, побиберете и додајте малку магдонос.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text