Бајадера со вишни – Десерт полн чоколадо и овошје

Бајадера со вишни – Десерт полн чоколадо и овошје

Направете вкусна бајадера со вишни.

Состојки:

  • 100 гр. чоколадо
  • 2 лажици рум
  • 500 гр. мелени бисквити
  • 250 гр. путер
  • 3 дл. млеко
  • 100 гр. мелени лешници
  • 30 гр. шеќер во прав
  • 1/2 кг.чистени вишни
  • 2 кеси шлаг

Подготовка:

  1. Се става млеко на мелените бисквити, се мешаат.
  2. Се мати путер со шеќер во прав, па се изедначуваат смесите.
  3. Се додаваат мелените лешници и рум, па се дели смесата на два дела.
  4. Во едниот се става истопено чоколадо, во другиот вишните.
  5. Се става во тепсија хартија за печење, темната, па светлата смеса горе и се лади убаво.
  6. Се украсува со шлаг и неколку вишни горе или по избор.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

singlepost_text