Грашок со месо и зеленчук – Највкусниот кој сте го пробале

Грашок со месо и зеленчук – Највкусниот кој сте го пробале

Направете го највкусниот грашок кој можете да си го замислите.

Состојки:

  • 500 гр. грашок
  • 500 гр. месо свинско
  • 1 кромид
  • 1 праз
  • 1 морков
  • 3 чешни лук
  • 1 компир
  • 1 кесе инстант крем чорба од грашок
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 2 лажици кечап
  • вегета, сол, бибер

Подготовка:

  1. Се сече кромидот и празот ситно, се ставаат зачини и се додава сеченото месо на коцки.
  2. Се става црвен пипер, вегета, сол и бибер.
  3. Се меша и кога малку е запржено месото се става сечен компир, морков и лук.
  4. Се меша и става грашокот.
  5. Се додава кечап и вода, па супата од кесе.
  6. Се вари на тивок оган со капак, 45 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера